Заразен со коронавирус уште еден член на руската Влада

Кремљ соопшти дека за здравјето на Путин (67) внимателно се води сметка и повеќето од неговите неодамнешни јавни настапи биле состаноци на владата на кои присуствувал преку видео-врска од просторија во неговата резиденција надвор од Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека министерот за образование на земјата, Валери Фалков. е заразен со коронавирусот.

Тоа е шестиот висок владин претставник кој добил ковид-19 за време на пандемијата на коронавирус.

Досега се заразени над 250.000 луѓе во Русија, пренесува Ројтерс. Но, Ана Попова од јавното здравство, рече дека Русија успеала да го намали растот на инфекцијата, откако властите објавија дека бројот на заразените е помал од 10.000 во еден ден, за прв пат во две недели.

Путин на телевизиската седница на владата изјави дека 41-годишниот министер за наука и образование, Валери Фалков е позитивен на коронавирусот и го прашал како се чувствува.

На ова, Фалков преку видео линк одговори дека е подобар и дека наскоро ќе се врати на работа. Фалков е четвртиот член на владата на Путин кој е заразен со коронавирус.

Кремљ соопшти дека за здравјето на Путин (67) внимателно се води сметка и повеќето од неговите неодамнешни јавни настапи биле состаноци на владата на кои присуствувал преку видео-врска од просторија во неговата резиденција надвор од Москва.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот