Заразен хит кој ќе го слушате повеќепати: Теа Трајковска ја објави „Сенки“ (ВИДЕО)

Фото: Промо

И покрај пандемијата со коронавирусот, дел од македонската естрада твори и во вакви услови. Една од нив е познатата пејачка Теа Трајковска, која последниве неколку месеци работеше на својот најнов проект.

Таа вчеравечер преку социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл со наслов „Сенки“, а за кој сними и доста интересен видеоспот.

Трајковска е позната по токму уникатноста, секогаш различна од останатите, од песна до видео, до стајлинг…

Фото: Промо

Токму и „Сенки“ е нешто такво, модерно и светски.

– „Сенки“ е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре моите слушатели и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив – накусо изјави Трајковска.

Се разбира, Теа и овојпат соработуваше со познатиот композитор Лазар Цветковски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, додека пак текстот е нејзино дело.

За видеоприказната за новата песна, познатата пејачка довербата им ја даде на режисерите Томи Акимовски и Горан Симјановски, додека пак за нејзиниот изглед се погрижија Мите Занов, Даниел Николовски и Дарко Петковски.

Инаку Теа не запира тука, таа вели дека безразлика што ќе се случува понатаму со пандемијата, таа веќе размислува на следната песна, но секако таа на сите порачува да се чуваат во ова време-невреме, да носат маски, да држат социјална дистанца и да слушаат македонска музика.

Слушнете и ужвајте во „Сенки“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот