Заразата со ковид-19 забрзано се шири во Осло

epa08353229 A fruit and vegetable supermarket at Gronland has set up a queue scheme in accordance with contagion rules during the COVID-19 pandemic, in Oslo, Norway, 03 April 2020 (issued 09 April 2020). EPA-EFE/Thomas Brun NORWAY OUT

Норвешка следната недела ќе објави построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на нови инфекции, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг.

– Гледаме како инфекцијата се шири на многу места. Ова е загрижувачко. Затоа, ние веќе најавуваме дека националните ограничувања ќе бидат засилени следната недела. Мерките ќе бидат насочени кон областите каде што сега се шири инфекцијата, рече Солберг.

Иако случаите растат и властите се загрижени, ситуацијата во Норвешка е помалку драматична отколку во другите делови на Европа.

Маж пазари со заштитна маска во Осло, Норвешка/ Фото: EPA-EFE/HAKON MOSVOLD LARSEN NORWAY OUT

Норвешка во моментов има второ најниско ниво на инфекција во Европа, по Естонија.

Кумулативниот број на случаи на Ковид-19 во период од 14 дена на 100.000 жители, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, изнесува 36,6.

Како што пренесуваат агенциите, постојат големи разлики во различни области на земјата, иако властите се најмногу загрижени за ситуацијата во Осло, каде што е задолжително да се носат маски во јавниот превоз кога е невозможно да се одржи дистанца. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот