Заради ОВОЈ ЧОВЕК цела планета е во ОПАСНОСТ – Протекоа тајни документи за причините позади пожарите во Амазонија

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро/ Фото: Aрхива на Слободен Печат

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се надева дека ќе ги саботира напорите да се сочува Амазонија, откриваат документите кои неодамна се појавија во јавноста.

Како што се наведува, бразилската влада планира да гради мостови, автопати и хидроелектрани во џунглата, а со тоа ќе ги одбие надворешните притисоци да се заштити најголемата дождовна прашума во светот.

Плановите ги објави политичкиот портал openDemocracy во екот на пожарот кој ја пустоши Амазонија. Документите покажуваат дека се одржани состаноци на владини и локални функционери, а за време на еден собир во февруари, министрите го претставиле планот за спорниот регион.

– Развојните проекти мораат да се применат во областа на Амазон, за тој дел од земјата да може да се приклучи на остатокот од државата, за да може да ги одбиеме меѓународните притисоци за зачувување на оваа област. Затоа, неопходно е да изградиме хидроелектрана, мост преку Амазон и пат до границата – пишувало на еден од слајдовите на презентацијата која била прикажана на состанокот.

Од друга страна, странски влади, невладини организации и организацијата „Gaija Amazonas“, се борат за Амазонија, што очигледно пречи на државните планови.

На ова подрачје се наоѓа најголемата светска заштитена област, прашума од 135 милиони хектари која се протега од Андите до Амазон и Атлантикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот