Заради ОВОЈ ЧОВЕК цела планета е во ОПАСНОСТ – Протекоа тајни документи за причините позади пожарите во Амазонија – Слободен печат
ВестиПланета

Заради ОВОЈ ЧОВЕК цела планета е во ОПАСНОСТ – Протекоа тајни документи за причините позади пожарите во Амазонија

Како што се наведува, бразилската влада планира да гради мостови, автопати и хидроелектрани во џунглата.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се надева дека ќе ги саботира напорите да се сочува Амазонија, откриваат документите кои неодамна се појавија во јавноста.

Како што се наведува, бразилската влада планира да гради мостови, автопати и хидроелектрани во џунглата, а со тоа ќе ги одбие надворешните притисоци да се заштити најголемата дождовна прашума во светот.

Плановите ги објави политичкиот портал openDemocracy во екот на пожарот кој ја пустоши Амазонија. Документите покажуваат дека се одржани состаноци на владини и локални функционери, а за време на еден собир во февруари, министрите го претставиле планот за спорниот регион.

– Развојните проекти мораат да се применат во областа на Амазон, за тој дел од земјата да може да се приклучи на остатокот од државата, за да може да ги одбиеме меѓународните притисоци за зачувување на оваа област. Затоа, неопходно е да изградиме хидроелектрана, мост преку Амазон и пат до границата – пишувало на еден од слајдовите на презентацијата која била прикажана на состанокот.

Од друга страна, странски влади, невладини организации и организацијата „Gaija Amazonas“, се борат за Амазонија, што очигледно пречи на државните планови.

На ова подрачје се наоѓа најголемата светска заштитена област, прашума од 135 милиони хектари која се протега од Андите до Амазон и Атлантикот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close