Заради коронавирусот најбогатите луѓе во светот за една недела загубија 444 милијарди долари

Долари/ Фото Архива на СП

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, 25-ти во ранкингот на најбогати луѓе на планетата, неделава загубил  девет милијарди долари, по падот на вредноста на неговите акции.

Поради сериозниот пад на вредноста на акциите на светските берзи заради коронавирусот вкупната сума со која 500-те најбогати луѓе на планетата неделава беа „олеснети” изнесува 444 милијарди долари, јави агенцијата Блумберг.

Според анализата на агенцијата, тројцата најбогати луѓе во светот: извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и генералниот менаџер на француската групација ЛВМХ (Луис Витон, Моет, Хенеси ), Бернар Арно, претрпеле најголеми загуби. Според проценките на агенцијата, нивната состојба на сметките е намалена за околу 30 милијарди долари.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, 25-ти во ранкингот на најбогати луѓе на планетата, неделава загубил  девет милијарди долари, по падот на вредноста на неговите акции.

Според „Вол Стрит Џорнал” последната недела се претвори во најнесреќната за американскиот берзански пазар по финансиската криза од 2008 година. Падот на индексот Дау Џонс за оваа недела изнесуваше 12.4 отсто, на S&P 500 е 11.5 отсто, на Насдак е 10.5 отсто.

Истовремено котирањата на акциите на повеќе од 95 отсто од компаниите, претставени на листата на индексот S&P 500, паднаа за повеќе од 10 отсто во однос на претходно постигнатите максимуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот