Заради изјавите на чешкиот претседател Земан, Приштина го откажа учеството на самитот во Прага
Официјални лица во Приштина го откажаа планираното учество на самитот на Вишеградската група и Западен Балкан во Прага поради најавата на чешкиот претседател дека наското во својата земја ќе го покрене прашањето за можно повлекување на признавањето на Косово, пренесува агенцијата ЧТК, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.
Тие извори наведуваат дека засега не е потврдено доаѓањето на ниту еден гостин за утрешната средба на премиери во Прага, но, сепак, и понатаму се разговара за тоа претставници на Приштина да бидат присутни макар на некое ниво, пренесува „Радио Прага“.
Чешкиот претседател Милош Земан најави денес во Белград дека за еден месец, на состанокот на уставните власти во Прага, ќе го постави прашањето дали може да се повлече признавањето на независноста на Косово.
Земан, имено, не го дели ставот на чешката влада која ја призна самопрогласената независност на Косово. Тој претходно потсети дека Хашкиот трибунал покрена истрага за воени злосторства нба Косово, поради што косовскиот премиер поднесе оставка.