Заработуваат на трагедијата, влезници за дербито и над 1000 долари! (ФОТО)

фото: твитер

Тие кои сакаат да бидат најблиску до паркетот, за една карта ќе мора да платат дури 28.050 долари за новиот меч во „„Стејплс“ на Западната конференција.

Натпреварот меѓу Лејкерси и Клиперси в среда наутро ќе биде проштален меч на навивачите од Коби Брајант. Дуелот ќе биде полн со емоциии во кој сите ќе се простат од една од најголемите НБА ѕвезди која клубот ја имаше.

Поради тоа и не чуди големиот интерес на навивачите да присуствуваат на натпреварот, но јасно е дека сите не можат да влезат во „Стејплс центар“ арената.

Како што пренесуваат американските медиуми, препродавачите нудат влезници за натпреварот в среда помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс кои достигнуваат цена и над 1000 долари.

Поточно според информациите кои ги пренесува „Хуп Централ“ изнесува 1151 долари, што ги остави во прашалници навивачите.

Тие кои сакаат да бидат најблиску до паркетот, за една карта ќе мора да платат дури 28.050 долари.

Колку ваквите цени скокнаа после информацијата за трагичниот настан, сведочи и податокот дека за некои од наредните мечеви кои Лејкерси ќе ги играат на домашен терен, најевтината карта изнесува 84. долари, додека најскапата изнесува скоро 6000 долари.

Многу навивачи изразија незадоволство поради ваквиот потег на поединци кои сакаат да заработат на големата трагедија.

Коби Брајант целата кариера ја помина во Лејкерси, со кои остави длабока трага на кошаркарските терени.

Сезонава Лејкерси и Клиперси се досега меѓу најдобрите во Западната конференција и дефинитивно се одвојуваат како едни од најголемите фаворити за шампионската титула во НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот