Заработува околу 1.000 евра дневно зашто има „златни“ раце!

Instagram

Нина Тејлор од Англија веќе 20 години е професионален модел за раце и тоа за некои од најголемите брендови на светот.

Нејзината кариера почнала кога била на факултет и кога нејзината братучетка ги пофалила нејзините раце.

„Едноставно ми рече: Би сакала да имам раце како твоите.“

Иако на почетокот наишла на неколку одбивања, не се откажала и сега има успешна кариера.

„Секогаш мора да бидете достапни. Мора да ја искористите секоја прилика што ви се нуди. Не смеете да имате лузни, бенки, а важно е и ноктите да бидат елегантни и женствени“, вели Нина.

На снимањата секогаш мора да биде мирна, понекогаш и со часови, а некогаш се наоѓа во многу необични пози за фотографот да го фати најдобриот кадар од нејзините раце.

„Луѓето забораваат дека се фотографираат само рацете. Морам да стојам во чудни пози за да го оддалечам телото, но морам рацете да ги помрднувам полека и контролирано. Мора да бидете стручњак за сè што се наоѓа околу вас“, вели Нина, напоменувајќи дека работата не е толку едноставна како што се чини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот