Заработува и до 3.000 евра дневно: Горан Бреговиќ ги изнајмува своите вили за филмови и журки

горан бреговиќ корча
Горан Бреговиќ / ФОТО: EPA/CARLO FERRARO

Музичарот Горан Бреговиќ неодамна се вратил во филмската дејност, а неговите куќи на Сењак се омилени локации за снимање српските филмови и серии, пишува српски „Курир“.

Еден ден снимање кај музичарот, како што дознава „Курир“, чини од 1.000 до 3.000 евра, сѐ зависи од недвижноста што ја изнајмува. Наскоро публиката ќе има можност да ја погледне прекрасната зграда на улицата „Толстој“ во продолжението на серијата „Државен службеник“, како куќа во Истанбул која му припаѓа на еден од новите херои на приказната.

– Во серијата тоа беше моја куќа, односно на мојот лик Едо. Таму снимавме три-четири дена, а јас имав директни сцени со Игор Ѓорѓевиќ – изјавил Никола Пејаковиќ во емисијата „Кец на единаесет“.

Како што дознава „Курир“ од добро упатени, оваа вила е една од „поевтините“, па во неа еден ден снимање е 1.000 евра, што значи дека музичарот од „Државниот службеник“ заработил 4.000 евра.

Инаку, луксузните вили на Горан Бреговиќ кои подолг временски период ги има во Белград, се издаваат на филмски екипи за снимање различни проекти. Досега, во една куќа се снимени спотови на српски пејачи, како и на сериите „Клан“ и „Жене с Дедиња“, српската верзија на американските „Очајни домаќинки“, која е направена во периодот од 2009 до 2013 година.

– Со Брега нема ценкање, цената е фиксна, никому не дава попуст и тоа се знае. За некои забави и свадби цената оди и до 3.000 евра – открива соговорник за српски „Курир“, кој својот проект го работи кај познатиот музичар.

Брега, како што претходно објавија медиумите, поседува повеќе од 30 куќи, вили, станови и студија во вредност од над 35 милиони евра. Да потсетиме, музичарот купил зграда од 550 метри квадратни во Загреб во 2005 година. Секоја вила на Горан Бреговиќ се проценува на најмалку еден милион евра. Има имот од 450 метри квадратни на Јахорина, во Пераст две куќи и старечки дом во кој вложил нешто повеќе од милион евра, потоа вили во Париз, Истанбул и други градови.

И самиот Бреговиќ еднаш призна зошто е оптоварен со што повеќе станови, куќи и деловни простории.

Брега неодамна одлучил да им купи два стана на ќерките во една популарна белградска населба, во близина на центарот на градот, што го потврди во една емисија кај Миломир Мариќ.

ФОТО+ВИДЕО | Бреговиќ има богатство од 35 милиони евра, а вози стар автомобил кој веќе не се произведува

ФОТО | 30 години во среќен брак и родители на три ќерки: Запознајте ја Џенана, сопругата на Горан Бреѓовиќ

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот