Заработил 45.000 евра за 45 минути: Здравко Чолиќ бил специјален гостин на свадба во Белград

Здравко Чолиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Здравко Чолиќ

Српскиот пејач Здравко Чолиќ (73) викендов беше специјален гостин на свадбата на син на бизнисмен, која беше организирана во еден белградски ресторан.

Иако не е пее често на приватни прослави, Чолиќ се согласил да настапи на оваа свадбена прослава. Наводно, како што пишуваат српските медиуми, тој заработил 45.000 евра за настап кој траел 45 минути.

„Чола може да избира каде ќе настапува. Не практикува да пее на приватни забави, но овој пат направи исклучок. Имаше одредени услови, кои младенците и нивните семејства ги исполнија без збор. Меѓу другото, тој побарал бината да се подигне за гостите да не му се приближуваат премногу додека пее, да нема нарачка на песни или фотографирање со гостите. Побарал 45.000 евра за настап од 45 минути, нешто што веднаш му било прифатено бидејќи младенците ја обожаваат неговата музика. Тие го одиграа првиот танц со песната ‘Тебе чувам за крај’. Тој ги отпеа своите најголеми хитови, а сите ги разнежни кога ја отпеа песната ‘Ти си ми у крви’. На крај, тој веднаш го напушти локалот во придружба на своето обезбедување“, изјави извор, кој присуствувал на свадбата.

Покрај него, гостите на свадбата ги забавувале и фолк пејачите Виолета Миљковиќ и Радиша Трајковиќ – Ѓани.

Покрај хонорарот, тие биле наградени и со одличен бакшиш, но Чолиќ одбил да ги земе тие пари.

Ќерката на Здравко Чолиќ украла 20 000 евра од дома за да му купи кола на момчето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот