Заработија 11 милиони евра, а не го ни облече дресот на овој тим

epa08242312 Atletico Madrid's Thomas Partey in action during the Spanish La Liga soccer match between Atletico Madrid and Villarreal CF at Metropolitano stadium in Madrid, Spain, 23 February 2020. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Шпанскиот тим Леганес ќе заработи пет милиони евра од трансферот на Томас Парти.

Фудбалерот од средниот ред во последниот ден од летниот преоден рок стана член на Арсенал откако „топчиите“ ја активираа откупната клаузула од 50 милиони евра.

Шпанските медиуми објавија дека освен Атлетико Мадрид, и екипата на Леганес која минатата сезона испадна од Ла Лига ќе добие дел од парите.

Парти многу кратко беше член на овој клуб, односно само што беше купен, истиот ден беше продаден и тоа во периодот кога настапуваше во третата шпанска Лига и Леганес го задржа правото да добие 10 проценти од идните трансфери на Парти, а во овој случај тоа изнесува пет милиони евра.

Леганес исто така во 2017 година ги продаде преостанатите 40 проценти од догорот на Парти на Атлетико Мадрид за сума од шест милиони евра.

Поради тоа, Леганес на трансферите на Томас Парти заработи дури 11 милиони евра иако фудбалерот дури не го ни облече дресот на овој тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот