Зар некој може да те замени? 12 години без Тоше – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЕспресоШоу биз

Зар некој може да те замени? 12 години без Тоше

На денешен ден пред дванаесет години плачеше целиот Балкан откако одекна веста за смртта на македонскиот пејач Тоше Проески.

Една од најголемите македонски музички ѕвезди на денешен ден во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, кое и денес како во Македонија, така и низ целот Балкан редовно се слуша.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажа уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде што испеа песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски и хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close