ЗАПРОСУВАЊЕ КАКО НА ФИЛМ: Момче од Србија ја запросило девојката на најоригинален начин

Момче од Сремска Митровица сакало на својата девојка Милица да ѝ приреди необично изненадувње. Сè се одиграло на нивната омилена плажа на Лефкада. Девојката на крајот рекла „да“, а Дејан раскажал како го подготвил и го извел романтичниот гест.

„Заедно сме околу 3 години. Генерално таа е девојка која е благодарна кога ќе ѝ скинам цвет на улица, па никогаш не ми беше тешко да се потрудам и повеќе да ја изненадам.

Дојдов на идеја да ја изненадам на летувањето, и помислив дека би било најдобро нешто да извадам од водата. Така почнав да планирам.

Најважно беше да најдам ковчеже и тоа да биде впечатливо. Го барав скоро цел месец по антикварниците и кај различни препродавачи на интенет. Потоа дојде на ред полнење со „богатство“. Беше важно да биде убедливо. Така во ковчежето влегоа неколку парички (римски, но и од други периоди), бижутерија од сестра ми Сања, школки и камчиња и еден џебен часовник од Али експрес од кој беше изваден механизмот, бидејќи тоа послужи како кутивче за прстенот.

Дојдов до идеја да направам фотографија на која нашите лица ќе бидат фотошопирани на брачен пар од почетокот на 20 век. Реакцијата на тоа најмногу ја исчекував. Таа мислеше дека е една од моите шеги кога сфати дека сме ние на сликата.

Кога сè беше подготвено, пријателите со кои патувавме добија задача ковчежето добро да го скријат и кога ќе дојде време да направиме диверзија.

Ги пративме Милица и Јелена по пиво, Коста ми ја додаде кутијата и јас со неа влегов во водата.

Кога дојде време испливав глумејќи неверување, носејќи го стариот ковчег со ланецот и со катанецот и требаше да најдам начин да го отвориме.

Го скинав ланецот, почнавме да гледаме внатре, а најголемо внимание ѝ предизвика завитканото хартивче, за кое помисли дека е некоја мапа или порака. Кога виде дека тоа сме ние почна да се смее, а јас во рака го држев џепниот часовник велејќи и: Такво богатство кога ќе најдеш, мораш засекогаш да го чуваш. Сакаш ли да се омажиш со мене? Го отворив и внатре беше прстенот.

Беше воодушевена. Да беше чиста формалност.“, раскажал Дејан.

https://www.instagram.com/p/B1T9KC9iaT1/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B1X-dSTIVBX/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот