Запреле пијан возач, а тој почнал да ПУКА: Испалени биле 15 куршуми, а никој не бил убиен (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Несекојдневната ситуација се случила во Лос Анџелес, кога пијан возач пукал по полицајците, на што тие возвратила, а во таа прилика за некое чудо, никој не бил повреден.

На снимката се гледа како Џозеф Корал, инаку во пијана состојба, пукал од пиштолот по три полицајци.

Се почнало, кога еден од полицајците се упатил кон возилото и го прашал Корал: „Еј, како си дечко?“.

Корал се извинил, но почнал да објаснува дека му запрела колата. Откако му поставиле неколку прашања, тој го извадил пиштолот и почнал да пука.

Полицајците возвратиле на пукањето, а од нивните 15 испалени куршуми, неверојатно само еден го погодил. После се, тој излегол од автомобилот на крајно неверојатен начин, низ најмалиот прозор.

Тој бил префрлен во болница, а се наоѓа надвор од животна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот