Запознал девојка на „Тиндер“, ја довел дома и брутално ја убил, потоа сам повикал полиција (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Откако го признал злосторството, Хансакер барал од полицијата да го убијат.

Итан Хансакер (24) ја повикал полицијата и без емоции им кажал дека ја убил девојката што ја запознал на апликацијата за состаноци „Тиндер“, пишува „Солт Лејк Трибјун“.

Откако го признал злосторството, Хансакер побарал од полицијата да го убијат.

Ешли Блек (24) е убиена од Хансакер во неговиот дом. Како што соопшти полицијата, тој се сретнал со жртвата преку апликацијата Тиндер, каде што се согласиле да се сретнат во локален бар.

После пијалакот, тој ја однел дома каде што прво разменувале нежности, а потоа се обидел да ја задави. Жртвата се спротивставувала, па Хансакер земал кујнски нож и ја прободел неколку пати.

Во полицискиот извештај се вели дека Хансакер изјавил дека ја прободел жртвата повеќе од пет пати, како и дека ја гледал по нападот како крвари од раните додека лежи на стомак во спалната соба. Ножот со кој е извршено убиството е пронајдено во близина на нејзиното тело.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, жртвата веќе била почината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот