Запознајте ја малата, но моќна бактерија! Се храни со тешки метали, а произведува чисто злато

Фото: Принтскрин/American Society for Microbiology

Најчесто бактериите ги поврзуваме со низа заразни болести и здравствени проблеми, но има и такви кои се многу корисни и од нив можеме да имаме доста придобивки. Таква е бактеријата Cupriavidus metallidurans, која може да апсорбира соединенија богати со отровни метали и од нив да создаде злато во форма на ситни златни грутки.

Иако нема своја улога во познати приказни за деца, како гуската која несе златни јајца, сепак, оваа бактерија би можела да се вклопи како мал супер херој, во секоја детска авантура.

Cupriavidus metallidurans живее во почва богата со токсични елементи, од кои таа се храни. Тоа се најчесто бакар и злато, кои се токсични, но бактеријата еволуирала и има потреба само од бакар за да преживее, пишува „IFLScience“.

Почвата во која живее C. metallidurans е богата со отровни тешки метали, кои бактеријата ги претвора во форма со која полесно се справува. Ако има премногу бакар, бактеријата може да активира посебен ензим, наречен „CupA“, кој може да го испумпува целиот вишок на бакар и да ја одржува бактеријата здрава.

„Покрај токсичните тешки метали, условите за живот во овие почви не се лоши“, вели во изјавата постар автор професор Дитрих Х. Нис, микробиолог од Универзитетот Мартин Лутер во Витенберг.

Меѓутоа, нешто чудно се случува кога има злато. Соединенијата на бакарното злато се исклучително токсични, па затоа бактеријата треба да се заштити. Таа ензимот „CupA“ го прави неактивен, а се активира „CopA“. Ова ги трансформира соединенијата на бакар и злато во форми кои тешко се апсорбираат.

„Ова гарантира дека помалку бакарни и златни соединенија влегуваат во клеточната внатрешност. Бактеријата се труе помалку, а ензимот што го испумпува бакарот може непречено да го отстрани вишокот бакар. Друга последица: златните соединенија кои тешко се апсорбираат се трансформираат во надворешната област на клетката во безопасни златни грутки големи само неколку нанометри“, објасни професорот Нис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот