Запознајте го српскиот Џејсон Момоа кој ја воодушеви Јелена Карлеуша! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Жарко Маджиќ (25) остави одличен впечаток во вчерашната емисија „Ѕвездите на Гранд“. Ова момче со долга коса се претстави со песните на Аца Пејовиќ и Жељко Шашиќ.

Освен со своето пеење, тој изненади и со својот изглед. Пред се ја изненади Јелена Карлеуша.


„Колку добар фраер“, изјавила Јелена додека Жарко ја пеел песната од Аца Пејовиќ.

Малку подоцна, Жарко ја соблекол јакната и ги покажал своите мускули, а ЈК „паднала во транс“.


„Идемее! Куку! Што е ова? Дали е возможно“, рекла изненадената Јелена.

После настапот, Жарко добил само пофални зборови од жирито и продолжил понатака.


Карлеуша го спореди со прочуениот холивудски заводник Џејсон Момоа.

„Знаеш ли кој е Џејсон Момоа? Тоа е прочуениот холивудски актер, Аквамен. Ти навистина изгледаш како српскиот Аквамен. Преубав, презгоден и талентиран дечко. Со вистинскиот ментор, навистина можеш  да бидеш, за прв пат, сериозно да се случи голема Ѕвезда на Гранд“, изјавила Јелена.

Погледнете го и прочуениот холивудски заводник. Дали и вие можете да ја приметите сличноста?

profimedia
profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот