Запознајте го актерот од Тетово кој има светска слава, но и часовник од 145 илјади евра!

Блерим Дестани е актер со потекло од Тетово кој веќе постигнал светка слава со улоги во голем број познати филмови. Последната негова улога е во Филмот „The poison rose”, каде што заедно игра со Морган Фриман и Џон Траволта.

Газета Експрес јавува дека Блерим Дестани има фантастичен часовник, но и многу скап. Тој е еден од најуспешните актери Албанци кој се појавува во холивудски филмови. Според истиот медиум, успехот на Дестани изгледа многу му се исплатува, затоа што тој живее во луксуз и се појавува секогаш со скапи автомобили и со облека од познати брендови. Еден бел часовник што го има Дестани е од фирмата „Bubba Watson White Ceramic Watch“, и тој чини околу 145 илјади евра. Фотографиите на кои Блерим Дестани ја комбинирал облеката со часовникот ги објавила самата страница „whattheywearin“ .

 

View this post on Instagram

 

@blerimdestani wearin the @richardmilleofficial Bubba Watson White Ceramic Watch RM055 (145,000€) #blerimdestani #richardmille

A post shared by whattheywearin (@what.they.wearin) on

Инаку, Блерим Дестани потекнува од познатото тетовско семејство Дестани, односно е син на сопственикот на фудбалскиот клуб „Шкендија“ и сопственикот на „Еколог“, Лазим Дестани. Иако роден во Столберг својот живот го поминува меѓу Македонија и Германија.

Дестани има улоги и во холивудкси филмови. Неговата најнова улога е во филмот „The poison rose”, чија премиера во кино салите беше кон крајот на мај оваа година. Дестани во овој филм игра заедно со Џон Траволта и Морган Фриман. Тој веќе бил дел и од голем број други филмски проекции, кои се со светско реноме како што се „Гет лоу“, „Досиер К“, и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот