„Запознај ја Преспа“ со Нокаут и Бла, бла, бла

Македонските бендови Нокаут и Бла, бла, бла…, локалните Инстинкт, Реприза и Екстраваганца, како и грчкиот Anima Nation вечер во Отешево ќе ги забавуваат преспани и гостите на манифестацијата „Запознај ја Преспа”.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи панел дискусијата на тема „Европски придобивки за регионот Преспа – искуства и можности”.

Домашните и странските туристи, но и локалните жители утре ќе имаат можност да ги откријат убавините на Преспанскиот регион, кутурата, храната, традицијата…. Покрај можноста за дегустација на традиционална преспанска храна на плажата во Дупени, презентација на локални органски производи, производи од јаболко, ќе се реализира и традиционалната велосипедска тура „Tour de Galichica”, а волонтерите од невладината Еко-герила со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ќе го чистат Преспанското крајбрежје во околината на Отешево. На плажата во Дупени, ќе се одржи и турнир во одбојка, настап ќе има културно уметничкото друштво „Таше Милошевски”, а најавенин се и многу игри и забава за најмладите.

Присутните викендов ќе имаат можност да ги запознаат убавините и традицијата на Преспа, езерото, плажите, преспанското јаболко и прекрасната Галичица.

Настанот е во организација на Општина Ресен, Рурални жени и Prespa Bike, во партнерство со ЕУ за ТЕБЕ, Агенција за млади и спорт, Spirit of Prespa, Преспа град и Еко Герила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот