Започнуваат традиционалните „Денови на Општина Карпош”

Општина Карпош започнува со организирање на традиционалните „Денови на Општина Карпош”, во пресрет на 3 ноември, кога ќе се одбележат 44 години од формирање на општината.

Од денеска до 3 ноември се предвидени реализација на  есенската акција за засадување на нови дрвја, крводарителска акција и дарување социјални пакети.

Учениците од основните училишта ќе имаат можност да пишуваат литературни творби и да цртаат на различни теми, во пресрет на Денот на општината. Најдобрите цртежи и состави ќе бидат и парично наградени.

Оваа недела ќе се врачи и признанието за заслужен граѓанин за 2019 година, а Советот на Општина Карпош, на седница ќе номинира и заслужен граѓанин за 2020 година.

„Деновите на Општина Карпош” ќе финализираат со викенд – акција за отстранување на несоодветни натписи и графити. Станува збор за пароли кои стимулираат меѓуетничка нетолеранција или говор на омраза, со што се нарушува ликот на населбите.

На 03 ноември, одбележувањето на Денот на општината ќе заврши со свечена седница на Советот на Општина Карпош, која е планирано да се одржи на отворено, на просторот на Спортско – рекреативниот центар во Карпош 3, во ОУ „Лазо Трповски”.

Сите активности е предвидено да се реализираат со почитување на протоколите за организација на настани и со придржување до мерките за заштита од ковид–19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот