Започнува судскиот процес каде Јанева го тужи Боки 13 за нелегално снимање

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за предмет во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање.

Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет” по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.

Јанева е првостепено осудена на 7-годишна затворска казна, а Јовановски на 9 години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот