Започнува сезоната на печурки, граѓаните кои собираат печурки ќе може да го зголемат семејниот буџет

Над 50 тони печурка изминатата година завршија на пазарите во западно-европските земји меѓу кои Италија, Германија и Франција. 

Печуркарите од Пијанечко-малешевскиот регион ја започнаа сезоната на печурки. Во откупните центри веќе пристигнаа првите количини на печурки од кои најголем дел од сортата „лигав вргањ” и „вргањ”. Цената, како што информираат од откупните центри, се движат до 150 денари за прва класа сурова печурка.

-Врнежите кои паднаа во изминатите денови во комбинација со сончевиот период придонесоа да се појави печурката „вргањ” која е најзабележителна во атарот на долно Драмче. Меѓу првите количини има и доста обемни печурки со екстра квалитет кои достигнуваат и добра цена, велат откупувачите.

Олабавувањето на мерките и најавеното укинување на полицискиот час, според сопствениците на откупни центри, ќе придонесе граѓаните кои собираат печурки да го зголемат семејниот буџет.

-Секако дека печуркарството е егзистенција за многу семејства. Во време кога владее коронавирус, а со олабавување на мерките очекуваме успешна сезона за доброто и на нас како откупувачи и на собирачите на печурки, за кои ова е доста добра приходна дејност, додаваат од откупните центри.

Печуркарството во изминатата година беше доста доходовен бизнис во Пијанечко-малешевскиот регион. Над 50 тони печурка изминатата година завршија на пазарите во западно-европските земји меѓу кои Италија, Германија и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот