Започнува рушењето на галиите, прв е „Бродот на среќата“

Град Скопје денеска започнува со рушење на галиите во Вардар. Прва која ќе се отстранува е  галијата позната како „Бродот на среќата“.

-Станува збор  за целосно демонтирање. Прво ќе се извадат движните работи а потоа ќе следува целосна демонтажа на галијата. Активностите за  демонтажа ќе ги врши јавното претпријатие „Улици и  патишта“ на кои сопственикот на галијата ќе треба да му плати за рушењето. Очекувам дека оваа постапка ќе трае неколку недели, а со тоа ќе  расчистиме и со  проектите  од криминалниот ум на креаторите на Скопје 2014, бидејќи овие галии не само што не се естетски туку според анализите на стручните служби на Градот и УНДП,  предизвикуваат и опасност од поплави, рече  градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Галијата според пресметките на сопственикот чини 1.200.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот