Започнува поединечната продажба на билети за натпреварот Е. Пелистер – Ним

Битолчани својот прв меч во Лига Европа ќе го играат на домашен терен против францускиот Ним/Фото: Е. Пелистер

РК Е. Пелистер ја известува јавноста дека од денеска започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло во ЕХФ Лига Европа помеѓу Е. Пелистер и Ним од Франција кој ќе се игра во вторник, 19 октомври, со почеток од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола.

Билетите по цена од 250 денари може да се купат во:

– билетарница на спортската сала „Боро Чурлевски“ пред почетокот на натпреварот
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk

Можност за присуство имаат љубителите на ракометот со:
– вакцинален сертификат
– потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин.

– Фан-зона на РК Е. Пелистер!

Со почетокот на европските натпревари за сезоната 2021/22, се отвора фан-зоната на РК Е. Пелистер. На денот на секој домашен натпревар предвидено е дружење, забава, забавни и музички активности, катче за најмладите, вкусна храна и ладно пиво за загревање за она вистинското – натпреварите на Е. Пелистер во ЕХФ Лига Европа.

За сите кои не купија билет, предвидено е следење на натпреварот преку видео-бим.

Прва фан-зона на Еурофарм Пелистер
Вторник, 19 октомври (17:00 – 22:30 часот) пред спортската сала „Боро Чурлевски“

Наскоро клубот ќе ја информира јавноста за деталната програма и сите активности.

Во РК Е. Пелистер пристигна засилување – Mozzart нов спонзор на клубот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот