Започнува нов циклус на приватизација: На продажба 90 компании

Владата во акцискиот план за влез во еврозоната се обврза дека ќе го продаде својот удел во државните компании, пренесе „ХРТ“.

На продажба се понудени 90 компании кои ќе се продаваат во три круга. Првите 30 ќе се најдат на пазарот во септември, вториот круг од продажбата ќе се реализира до крајот на годината, а третиот на почетокот на 2020. година.

Ќе се продаваат удели во компании во кои државата има удел од само неколку проценти, а во некоии помалку од еден процент. Во првиот круг ќе се најдат низа туристички компании.

Од компаниите во кои државата има мал удел, најмногу пари и можело да се добијат од продажбата на акциите на Хрватскиот телеком.

Во овие три круга нема да бидат на продажба компании во кои држават има значителен удел во сопствеништвото – повеќе од 15 проценти, како што се Подравка, Кроација осигурување, Пристаништето во Ријека, Петрокемија. Иако тие не се од посебен државен интерес, нивната продажба ќе биде оставена за неко друго време.

Исто така, иако во изминативе години се споменуваше приватизација на компании, како ХЕП, ХАЦ, Хрватска пошта, засега тие не се во игра, јавува ХРТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот