Започнува „Кино утро“ за најмладата публика

Проекциите започнуваат од 12 часот.

Јануари, по обичај, е терминот за детски филмови во „Кино утро“ во Кинотеката. Веднаш по новогодишните и божикните празници најмладата публика ќе има убава можност да проследи десет наслови од поновата продукција на детски филмови.

„Веднаш по новогодишните и божикните празници најмладата публика ќе има убава можност да проследи десет наслови од поновата продукција на детски филмови. Програмата ‘Кино утро’ во Кинотеката е составена од детски играни и анимирани филмови, главно од европските продукции – Германија, Данска, Италија, Романија, Австрија, Франција – но и од прочуената јапонска школа за анимација“, велат од Кинотеката.

Притоа, публиката ќе може да ги погледне германскиот игран филм „Рафи“ во режија на Аренд Агте (8 јануари), романскиот анимиран „Улица на надежта“ во режија на Александру Бузеа и Стефан Бузеа (9 јануари), германско-австрискиот игран „Центарот на мојот свет“ во режија на Јакоб М. Ерва (10 јануари), италијанскиот игран „По стапките на мојот татко“ во режија на Марко Сегато (11 јануари), германскиот игран „Господинот Мол и фабриката за чоколадо“ на режија Мануел Флурин Хендри (13 јануари), потоа уште еден германски со наслов „Помош, ги смалив родителите“ во режија на Тим Трагесер (14 јануари), јапонскиот анимиран „Мираи“ на Мамору Хосода (15 јануари), данскиот игран „Хакер“ на режисерот Пол Берг (16 јануари), германскиот игран „Двојна неволја и магичното огледало“ во режија на Маркус Х. Розенмилер (17 јануари) и францускиот анимиран „Момчето фантом“ на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол (18 јануари).

Проекциите започнуваат од 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот