Започнува Европското првенство во Германија: Кој ќе биде шампион на Стариот континент?

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Вечерва со натпреварот од 21:00 часот започнува најголемиот фудбалски спектакл на Стариот континент, а 24 репрезентации ќе се борат за престижниот трофеј.

Европското првенство започнува со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска. Домот на Баерн Минхен „Алијанц Арена“ ќе биде домаќин на отворањето на 17. Европско првенство кое ќе се игра од 14. јуни до 14. јули за кога е закажано големото финале.

За престижниот трофеј ќе се борат 24 репрезентации, а само Грузија е дебитант. Србија се води како наследничка на Југославија, а Чешка и Словачка како наследници на Чехословачка.

Титулата ја брани Италија која славеше пред три години во финалето против Англија по подоброто изведување на пенали. Натпреварите се играат во 10 градови, а секој стадион има посебна приказна. Од Берлин, преку Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург и Дизелдорф се до Келн и Лајпциг.

Првиот дел од натпреварувањето се состои во натпревари од шест групи со по четири тима, двете најдобри репрезентации поминуваат во нокаут фазата (осминафинале).

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија.

Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија.

Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија.

Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција.

Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина.

Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка.

Најуспешни селекции на Стариот континент се Германија и Шпанија кои освојуваа по три титули, а Германија трипати играше во финалето (1976, 1992 и 2008 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот