Започнува ЕВРО 2020: Турција и Италија го отвораат шампионатот на „Олимпико“ во Рим!

Фото: ФФМ

Чекањето заврши, денеска и официјално стартува Европското првенство во фудбал. Лани требаше да се организира континенталниот собир, но се одложи за една година поради пандемијата на коронавирусот. Првиот натпревар е денеска од 21.00 часот на „Олимпико“ стадионот во Рим во рамките од групата „А“ помеѓу Турција и Италија.

Овој шампионат ќе се игра 11 европски градови, а титулата шампион ја брани репрезентацијата на Португалија која во финалето на минатото ЕП триумфираше над Франција со резултат 1:0.

Како и на последното ЕП, ќе учествуваат 24 репрезентации кои се поделени во шест групи. Првите две репрезентации од секоја група, како и четири најдобро третопласирани, ќе се пласираат во осминафиналето.

На секој национален тим ќе му бидат дозволени по пет замени по натпревар, наместо три, а Европската фудбалска куќа (УЕФА) им дозволи на селекторите да повикаат 26 играчи.

За првпат, ВАР ќе се користи на Европското првенство, технологијата која треба да им помогне на судиите да донесат важни одлуки во сомнителни ситуации во текот на натпреварите.

Евро 2020 ќе се игра во Амстердам, Баку, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Копенхаген, Лондон, Минхен, Рим, Севиља и Санкт Петербург.

Шпанија и Германија се рекордери со по три европски титули, Франција двапати беше шампион, а титулата европски првак ја освоија и СССР, Италија, Чехословачка, Холандија, Данска, Грција и Португалија.

Кој ќе биде победник на ова Европско првенство ќе се знае вечерта на 11 јули, кога ќе се игра финалето на „Вембли“ во Лондон.

ЕВРО 2020

Група „А“

Денеска, 21.00 часот

Турција – Италија

Обложувалниците не и веруваат на Македонија, Англија повеќе не е главен фаворит на ЕП

Манчини: Имаме одлична репрезентација, Италија може до финалето на ЕП!

Челси и Манчестер сити со најмногу претставници на Европското првенство

Италија со фрлање паричка остварила победа на стартот од Европските првенства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот