Започнува доградба на објектот во ОУ „Лазо Ангеловски” во Скопје

Директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски” во општина Аеродром, Перо Арсеновски денеска најави дека почнува доградбата на објектот во училиштето, при што истакна дека со решавање на овој проблем ќе се реши и проблемот со реализација на наставата и сместување на учениците кои доаѓаат во три смени.

– Во иднина училиштето нема да работи во три смени и со самото тоа проблемите што со години ги тиштат родителите, учениците и училиштето во делот на реализација на наставата ќе биде надминат, изјави Арсеновски.

Тој посочи дека со дејствување на Општината и Советот на Општина Аеродром постигната е целта за која училиштето се залагало долго време.

Арсеновски се надева на брзо надминување на пандемијата и очекува учениците да се вратат што поскоро во современите простории, што ќе бидат пуштени во употреба во наредните три до четири месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот