Започнува бадниковиот пост, „Бадникови поворки” ќе ги презентира активностите

Симболичното сечење на бадниковото гранче/ Фото: Фејсбук

Здружението „Бадникови поворки” денеска на првиот ден од божикниот пост во малата концертна сала на Македонска филхармонија, ќе ги презентира активностите за претстојното одбележување на Бадник и Божик.

По двегодишниот копнеж по бадниковите поворки на радоста во коишто, во последните години учество земаа над 15 илјади деца од 40 градови и населени места низ Републиката и по кои станавме препознатливи на Балканот и пошироко, конечно можеме да кажеме: традиција продолжува!, истануваат од „Бадникови поворки”.

Најавија дека на денешната прес-конференцијата покрај другото ќе биде соопштено и какво освежување ќе добие омилената божиќна песна „Вечниот Бог” и зошто, каков ќе биде видео записот и кои ќе бидат главните носители на годинашната божиќна приказна, каков божиќен концерт се подготвува за децата, а каков за возрасните, кои други активности ќе го одбележат 40-дневниот период на пост и подготовките за Бадник и Божиќ во полн сјај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот