Започната истрага против десничарски политичари во Германија кои делеле расистички боенки

Германска полиција
Германска полиција /Фото: EPA

Германската полиција почна истрага против десничарски политичари кои делеле боенки со расистичка содржина.

На нив се нацртани вооружени мажи под турско знаме и жени со темна боја на кожа чија коса била украсена со коски.

Боенките беа дистрибуирани на собир на партијата „Алтернатива за Германија“ (АфД) во Крефелд, Северна Рајна-Вестфалија.

Албумот содржи цртежи за боење на кои се прикажани вооружени мажи со традиционални турски капи и со турски знамиња во рацете.

На следниот цртеж се целосно покриени жени во базен со пораката „Се ќе исчистиме”.

Регионалната полиција објави на Твитер дека е покрената истрага, а Парламентот сака да утврди дали албумите биле финансирани со јавни пари.

Локален огранок на АфД предупреди дека станува збор за „напад врз уметничка слобода”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот