Започната е изградба на булеварот „АСНОМ“

Градот Скопје ја заврши постапката и започната е првата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ”, од мостот „Близнаци” до реката Вардар што се очекува да биде готов до крајот на годинава.

За ова информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска, додавајќи дека оваа есен ќе започне изградбата на мостот кон Ќерамидница и до крајот на другата година очекуваат дека целосно коридорот на раскрсницата кај Саем што е фундаментален за градот ќе биде исполнет.

– За мене фундаментално е тоа што Градот ги доведе до крај постапките за изградба на овој нов булевар што го најавивме уште во текот на минатата година. Скопје сериозно ќе биде визибилно во текот на годинава. По изборите граѓаните можат да бидат сведоци на целосна реконструкција на булеварот „Партизанска”, од бензинската Макпетрол до мостот на Обединети нации, делница што ни остана – информира Шилегов.

Тој најави целосна реконструкција на булеварот кај Битпазар и на булеварот од Веро центарот до Црвен крст.

– Фундаменталните сообраќајници ќе добијат сосема нов изглед, ќе бидат конечно третирани онака како што треба да бидат, тоа е само мал дел од градежните активности што ги презема градот. Го отвораме тендерот за проектирање на тунелите. Два булевара во моментов се градат: „Босна и Херцеговина” и „Христијан Тодоровски-Карпош” – вели Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот