Започната е истрага за возач кој прегази пешак, па побегна

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за кривични дела загрозување на безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Осомничениот, на 6 декември, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На критичниот ден тој управувал со автомобил Форд ескорт со тетовски регистарски ознаки и по регионалниот пат од Тетово кон село Пршовце возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот.

Возејќи со поголема брзина низ населено место и по воден коловоз, не успеал навреме да запре, па со предниот десен дел од автомобилот удрил во пешак кој поминувал преку патот. По несреќата осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку веднаш избегал од местото.

Оштетениот од здобиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот