Започна вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Избори во Бугарија
Избори во Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, пренесува БГНЕС.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на 14 ноември, на првиот круг од изборите, најмногу гласови доби актуелниот претседател Румен Радев, кој сега е независен кандидат поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената” на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ”, а на второ место е независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС, ректор на  Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков.

Радев во водство

За Радев на 14 ноември гласаа 1.322.128 гласачи, а за Герџиков 610.710..

Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор во речиси 13.000 избирачки места.

За оваа намена се обезбедени речиси 12.000 уреди. За гласањето да се одвива побрзо, на некои места ќе има по две машини, а за да може секој да го оствари своето право на глас, можно е да се отворат дополнителни мобилни избирачки места. Во деловите со помалку од 300 гласачи ќе се гласа со ливчиња, а машински ќе се гласа на 9.399 избирачки места.

Бугарите кои живеат во странство ќе можат да гласаат во 751 место во 68 земји. На Балканот најмногу избирачки места има во Турција – 126, а во Северна Македонија ќе може да се гласа во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци и Штип.

За време на предвремените парламентарни избори и во првиот круг од претседателските избори, гласале рекордно висок број бугарски државјани кои живеат во странство, речиси 220.000, а најмногу во Турција – 87.700.

Излезноста во првиот круг беше 40,5 отсто.

Изборниот ден започна во 7 часот и ќе трае до 20 часот по локално време. Доколку тогаш сè уште има луѓе кои чекаат да гласаат, гласањето може да се продолжи најмногу за еден час.

Првичните резултати се очекува да бидат објавени по 20 часот, а Централната изборна комисија на Бугарија во рок од 48 часа треба да ги објави конечните резултати од претседателските избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот