ЗАПОЧНА ТУРСКАТА ОФАНЗИВА? Авиони пукаа врз објекти на Курдите во северна Сирија

Фото: Профимедиа

Авиони на турските сили ноќеска извршија воздушен напад врз објекти на курдските вооружени групи во северна Сирија, јави телевизијата Мајдин.

Како што е објавено, целта била командниот центар на курдската група што ја поддржува антивладината организација Сириски демократски сили во градот Ал Малики.

Засега нема извештаи за жртви или материјални штети.

Турските авиони во текот на денот извршиле интензивно надгледување на пограничната област.

Дополнително, турското Министерство за одбрана на Твитер соопшти дека Турција е подготвена за евентуална воена операција.

Воспоставување „безбедносна зона” е основно за мир и стабилност во регионот како и за тоа Сиријците да живеат во мир, додава Министерството.

Во меѓувреме, САД соопштија дека нема да почнат со целосно повлекување од Сирија. Според неименуван претставник на администрацијата во Вашингтон, само околу 50 војници се преместени во границите на државата за да се избегнат штети.

– Тоа не претставува повлекување од Сирија, нагласи тој во изјава за американски медиуми. Тој додал дека Пентагон и објаснил на турската страна дека целосна инвазија би била „лоша идеја” и Анкара ќе биде одговорна за евентуална хуманитарна криза или повторни напади од ИД. Претставникот додава дека одлуката на претседтаелот Доналд Трамп не значи и зелено светло за убивање Курди – јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот