9 C
Скопје

Започна трката за Халанд, Челси е првиот тим кој ќе понуди повеќе од 100 милиони евра

Англискиот тим планира да се вклучи во трката за потписот со еден од најдобрите напаѓачи на светот, Ерлинг Халанд.

Иако Реал Мадрид покажа сериозен интерес и се смета за главен фаворит за ангажман на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлигн Халанд, во трката ќе се вклучи и Челси. Германскиот весник „Билд“ пренесува дека сопственикот на Челси, Роман Абрамович е подготвен да издвои најмалку 100 милиони евра за трансфер на 21-годишниот напаѓач.

Челси од почетокот на пандемијата на коронавирусот потроши околу 250 милиони евра за засилувања, меѓутоа и со имиња како Хаким Зијех, Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел, „сините“ се далеку од трката за титулата.
Последен пат екипата на Челси ја освои титулата во 2017 година, а оваа сезона се петти на табелата со 43. бода, дури 16 помалку од лидерот Манчестер сити.
Пред неколку дена, агентот на Халанд, Мино Рајола изјави дека постојат само десет екипи кои можат да си дозволат да го ангажираат фудбалерот на Борусија Дортмунд и Челси е меѓу нив.

Прочитајте и...  ЛШ: Ливерпул без навивачите се надева на подвиг против Реал Мадрид

Поврзани вести

Димитриевски во врвна форма, прв стрелец против Адемар Леон

Слободен печат

ВИДЕО: Нападнат автобусот на Реал Мадрид на патот кон „Енфилд“!

Слободен печат

Адеми не е сериозно повреден, ќе игра против Виљареал

Слободен печат

Романска лекција за македонските футсалци во Темишвар

Слободен печат

Тандем од соништата, Агуеро ќе игра со Меси во Барселона!?

Слободен печат

Вардар 1961 успешен на патот до одбрана на шампионскиот трофеј

Слободен печат

Остави Коментар