Започна тестирањето со брзи антигенски тестови кое е бесплатно за граѓаните

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, Здравствените домови во Велес и Куманово. Денеска, со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево, а Центарот за јавно здравје Битола од понеделник, 30 ноември.

Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.

И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.

-Досега, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево- велат од министерството.

Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот