Започна теренската вакцинација во школите во Карпош

Фото: Профимедиа

По прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, постапувајќи по наредбата на Министерството за здравство, денеска во основните училишта во општина Карпош започна теренската вакцинација на невакцинираните ученици.

Вакциналните тимови ја започнаа вакцинацијата од ООУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 каде има 49 невакцинирани деца, како и во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, каде според евиденцијата не беа вакцинирани 38 ученици.

Вакцинирањето со МРП вакцина ќе продолжи утре во ООУ „Владо Тасевски“ во Козле. Теренската вакцинација низ 10 основни училишта во Карпош ќе трае во наредните две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот