Започна судењето на Рајан Гигс поради кое нема да го предводи Велс на Мундијалот во Катар

Рајан Гигс/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс намерно ја удрил по глава својата поранешна девојка, наведе обвинителството на судењето кое денеска започна во Манчестер.

Гигс е обвинет дека на 1. ноември 2020 година во својот дом во Ворсли, Манчестер ја нападнал Кејт Гревил и ѝ нанел телесни повреди. Тој е обвинет дека во исто време физички ја нападнал и помалата сестра на Кејт, Ема.

Освен тоа, Гигс кој поради овие обвиненија си поднесе оставка од селектотската функција во Велс и нема да ја предводи репрезентацијата на претстојното Светско првенство во Катар, се соочува со обвиненија за „контролирање и насилно однесувањее“ против неговата поранешна девојка во периодот од август 2017 година до ноември 2020 година. Гигс ги отфрли сите обвиненија.

Обвинителот Питер Рајт на судењето рече дека односот на Гигс и Кејт Гревил „бил прекинуван поради насилство и нестабилност“ и дека приватниот живот на поранешниот фудбалер на Јунајтед „вклучувал злоупотреба како физичка така и психичка, објави Би-Би-Си.

Обвинителот исто така рече Гигс е „идеализиран“ поради неговите фудалски квалитети, но дека зад затворени врати „неговиот карактер има многу погрда и позлобна страна“.

– На крајот, по долги турбулентни години на Кејт и стана јасно дека треба да се оттргне од неговото влијание – додаде обвинителот Рајт.

Опишувајќи ги настаните од таа вечер, обвинителот рече дека Гревил и рекла на нејзината сестра дека ќе го остави Гигс пред да се врати дома, но кога тој пристигнал започнала расправија.

– Дискусијата стана тензична, Рајан се обиде да и го земе телефонот.  Потоа ја турнал Гревил на подот и и ја набил раката. Во тие моменти нејзината сестра Ема интервенирала за да се обиде да спречи понатамошно  асилство. Гигс потоа намерно ја удрил Ема со лактот во вилицата. Потоа целосно ја изгубил самоконтролата и намерно ја удрил Кејт Гревил со глава –  изјави Рајт.

Гигс тогаш призна дека вечерта изгубил контрола и ја удрил Гревил со глава.

На поротата и беше соопштено дека  меѓу другите, сведоци ќе бидат поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон и поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.

Адвокатот на Гигс, Крис Дау, рече дека неговиот клиент  признава дека дека имало „ситни и случајни контакти“ за време на наводниот напад, но тоа било далеку од насилничко однесување.
Адвокатот исто така зјави дека Гигс и Гревил „се однесувале како мали деца кои се караат“ во нивната врска и дека има „линии што Гигс никогаш нема да ги премине“.

– Тој ниту еднаш не употребил незаконско насилство против Гревил. Обвиненијата се засноваат на искривување на вистината и на лаги – рече тој.

Се очекува судењето да трае десетина дена.

Видео на денот