Започна средбата за платата на наставниците

Фото: Слободен печат/ А. Мемети

Во Министерството за образование и наука започна средбата помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура.

Средбата се одвива зад затворени врати, која е иницирана од министерот Адеми. СОНК најави генерален штрајк на 11 ноември, а власта бара начини како да ги спречат во нивната намера.

Просветните работници бараат повисоки плати од понудените 10 отсто, а истото да важи од први јануари, наместо предвидувањата на владата исплата да има во април.

Повеќе детали од средбата се најавени по завршување на истата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот