Започна средбата Путин-Трамп

фото:. EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Во тек е билатерална средба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, во Осака, каде се одржува самитот на Г-20.

Според руски медиуми, средбата се очекува да трае од час до час и половина.

Путин им изјави на новинарите во пресрет на состанокот дека тој смета дека средбата со Трамп е добра можност да се продолжи со дијалогот по самитот во Хелсинки, каде што двајцата лидери имаа средба во 2018 година.

Тоа е прв состанок на двајцата претседатели откако Трамп ги откажа разговорите со Путин, што требаше да се одржат во Аргентина на маргините на самитот на Г20 во декември 2018 година.

Од тогаш, двајцата претседатели еднаш разговараа по телефон во мај 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот