Започна собраниската седница во Словенија за премиерскиот мандат на Јанез Јанша

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во словенечкото Собрание почна собраниската седница на која ќе се расправа и одлучува за премиерскиот мандат на Јанез Јанша, јави дописникот на МИА.

На почетокот се обрати претседателот на Словенечка демократска партија и предложен мандатар Јанша. Тој пред пратениците ја претстави програмата и приоритетите на новата Влада, но и го обвини премиерот во оставка Марјан Шарец за политичката криза во земјата.

– Со неговата оставка тој е виновен за кризата во земјата. Во моментов Словенија се соочува големи проблеми кои не се само од материјална природа. Коалицијата ќе се занимава со работи кои не обединуваат. Словенија може многу повеќе од тоа што сега го прави, може да достигне многу повеќе, а за тоа да не се потребни многу пари – кажа Јанша на седницата.

По претседателот на СДС се обратија и од партијата Партија на Аленка Братушек и кажаа дека тие нема да га поддржат Јанша, бидејќи според нив тој и неговата партија пропагираат страв, националистички популизам и со нивното владеење ќе придонесат за поделби во општеството.

Според предвидувањата седницата во Собранието ќе трае цел ден, а ќе финишира со гласања. На коалициските партнери предводени од СДС им се потребни најмалку 46 гласови. Според досегашните информации веќе имаат 48.

Доколку Јанша биде изгласа за нов мандатар ќе има рок од 15 дена да ја состави новата словенечка влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот