Започна со реконструкција и булеварот 8 септември

Булеварот 8.Септември е десетта реконструкција која ја почнува Град Скопје во изминативе две недели. Поради тоа, Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини.

Од денеска започна да се реконструира булеварот 8.Септември, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи. Како што истакна денеска градоначалникот Петре Шилегов, во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.
– Реконструкцијата ја почнуваме со тротоарите и велосипедските патеки, а во текот на неделата ќе се префрлиме и на коловозот. Станува збор за релација долга 980 метри, која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите
населби во северниот дел од градот. Ќе изведеме и нова велосипедска патека со што ќе го завршиме таканаречениот Конектор број 5 и ќе ги споиме населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Ќе формираме и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе уредиме и средишна жардиниера – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Реконструкцијата на булеварот 8.Септември ќе чини 43 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 40 дена. Булеварот 8.Септември е десетта реконструкција која ја почнува Град Скопје во изминативе две недели. Поради тоа, Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини.
Прочитајте и...  Почина емирот на Кувајт

Прочитај повеќе

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска

Напаѓачот планирал да ги запали просториите на редакцијата „Шарли ебдо” во Париз, но ја згрешил адресата

Маријана Митровска

СДСМ за изнесените ставови на Мицкоски: Дрско лаже дека биле ветени четири викенди без ДДВ

Слободен печат

Со температура и симптоми на ковид-19, рентген техничар одел на работа, се чекаат тестовите за уште тројца вработени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски: Бараме четири викенди без ДДВ, покачување на пензиите

Маријана Митровска

Порошенко, кој ја предводеше Украина, заразен со коронавирус

Слободен печат

Шеик Наваф е новиот емир на Кувајт

Слободен печат

СИРИЗА бара од Мицотакис веднаш да ги донесе во Парламентот договорите со Северна Македонија

Слободен печат

Путин ќе ја прими руската вакцина против ковид-19

Слободен печат

Уште едно 3-годишно детенце си замина дома, ја победи болеста (ВИДЕО)

Маријана Митровска