Започна снимањето на хит-серијата „Stranger Things 4“: Нетфликс објави фотографија која покрена многу прашања!
Четвртата сезона на СФ серијата „Stranger Things 4“ започна да се снима, а Нетфликс објави фотографија што го докажува тоа, пишува Collider.
Поради пандемијата на коронавирусот, почетокот на снимањето беше неизвесен, но фановите сега можат да се опуштат.
На фотографијата, објавена на официјалниот профил на Твитер на стриминг сервисот Нетфликс, гледаме дека филмот клапа за „Stranger Things 4“ е на 79-от обид.
Today in Hawkins… pic.twitter.com/WU1I4p5cZK
— Netflix (@netflix) October 1, 2020
„Денес во Хокинс …“ – е се што напишаа покрај неа.
Што претставува часовникот во позадина? Дали припаѓа на семејството Бајерс? Дали е ова новиот портал за „Upside Down“ ?
Датумот на премиерата засега не е познат, но го очекуваме наскоро …