Започна реконструкција на улицата „Московска“ во Карпош

Екипите на Градот Скопје денеска ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата „Московска“ во општина Карпош. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

– Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на инфраструктурата под надлежност на Градот. Денеска сме на улицата „Московска“, каде што ја почнавме реконструкцијата на коловозот во должина од 690 метри, предвидено е да не чини околу 8.2 милиони денари и да се заврши во рок од 20 дена – рече Шилегов.

Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона Градот ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да обезбеди услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж.

– Вечер ќе го затвориме мостот Гоце Делчев од 17 часот до 22 часот од ТЦ Мавровка во правец кон Владата, а утре во истиот период ќе го затвориме во обратен правец за да извршиме реконструкција на мостот – кажа Шилегов.

Во текот на изминатите месеци целосно беа реконструирани улиците „Димитија Чуповски“, „Љубљанска“ и „Антон Димитров“, а реконструкцијата е во тек на улиците „Февруарски поход“, „Лазар Трповски“, „Ѓорче Петров“, „Лазар Личеноски“, „Московска“ и булеварот „Партизански одреди“.

Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности, бидејќи целта е на крајот во Скопје да имаме функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот