Започна реконструкција на булеварот „Кочо Рацин“ кај „Веро Џамбо“

Фото: Слободен печат

Град Скопје денеска започна со реконструкција на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од „Веро Џамбо“ до раскрсницата кај катната гаража кај „Макпетрол“.

– Реконструкцијата ќе се одвива во наредните 40 денови, во должина од околу 880 метри и бидејќи се одвива во сериозно сензитивни раскрсници, ќе продолжиме да го применуваме принципот на брзо, експидитивно квалитетна работа, со цел да го намалиме сообраќајниот метеж – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градоначалникот најави и реконструкции на булеварот кај Бит Пазар и улицата „Павел Шатев“. Градот годинава ќе потроши околу 8 милиони евра за реконструкција на улиците.

Шилегов испрати апел до граѓаните дневно да се информираат за сообраќајниот режим со цел да се обезбеди што е можно побрзо одвивање на работата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот