Фото: Општина Кисела Вода

Започна реконструкција на улицата Румена Хаџипанзова во Драчево

Општина Кисела Вода ја започна реконструкцијата на улицата Румена Хаџипанзова и нејзините краци во населбата Драчево. Станува збор за инфраструктурен зафат кој опфаќа површина од 6500 метри квадратни, односно 1500 метри должина, каде што во еден дел се врши комплетна реконструкција, додека во друг дел се гради сосема нова улица.

 По цели три децении, жителите на овој дел од Драчево конечно ќе добијат модерна и безбедна сообраќајница. Според динамиката на изведба, работите се очекува да завршат во наредните две седмици. Реконструкцијата на улицата Румена Хаџипанзова е дел од пошироката стратегија за асфалтирање на сите улици во oпштина Кисела Вода, со цел постигнување на рамномерен развој и подеднакви услови за живот во сите населени места – вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со ваквиот пристап, според него,  сите населби и населени места ќе добијат еднаков третман, односно сите граѓани ќе добијат современа инфраструктура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот