Започна разрешувањето на Илир Мета

Фото: Профимедиа

Во Албанија, Социјалистичката партија денеска информираше дека одлучила да иницира постапка за разрешување на претседателот Илир Мета.

Ова е прв пат во Албанија, Собранието да преземе таков екстремен чекор, по одлуката на шефот на државата да го откаже датумот за локалните избори закажани за 30 јуни, јавува Гласот на Америка на Албански јазик.

По завршувањето на состанокот на претседателството на Социјалистичката партија, министерката за Односи со Собранието, Елиса Спиропали изјави дека со својата одлука претседателот сторил “брутален акт кон Републиката”.

– Ние, како претседателство, сметаме дека Мета го изгубил правото да остане во таа позиција – вели Спиропали.

Ваков став најави еден ден порано и премиерот Еди Рама, според кој одлуката на шефот на државата е „чин што е политичко самоубиство, правно е ништовен, не постои и морално е срамен”, додавајќи дека „Илир Мета ја потпишал својата судбина како претседател кој го загубил правото да остане во оваа канцеларија”

Спиропали објасни дека процедурите за разрешување на претседателот на државата ќе почнат веднаш на собраниската седница во четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот