Започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ: Демонстрантите се собраа пред Министерството за правда (ФОТО)

Попладнево пред Министерството за правда започнаа протестите во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 
Моментално може да се забележи поголема група на граѓани кои носат знамиња на античка Македонија, ја исвиркуваат актуелната власт, извикуваат ,,Само Македонија ни С од Северна” и ,,Гоце не го даваме”.
Протестот, како што и претходно најавија од партијата, се однесува за Гоце Делчев, односно за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ „преговорите на Заев со Бугарија да тргува со македонскиот идентитет и историја“.
Демонстрантите од овде ќе се упатат преку мостот „Гоце Делчев“, па се до Министеството за надворешни работи каде се очекува и протестот да заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот